АХВ: Наскоро ќе почне вградувањето на микрочипови кај домашните миленичиња

Постапката со набавката на микрочипови е веќе завршена и тие се во магацините на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), рече директорот Зоран Атанасов.

АХВ најавува дека наскоро ќе почне вградувањето на микрочипови кај домашните миленици, мачиња и кучиња, а во моментов се склучуваат договорите со ветеринарните друштва.

„Ветеринарите ќе треба да ги аплицираат микрочиповите, по што ќе следи нивното распоредување кај сопствениците на домашни миленичиња“, рече Атанасов.

Од АХВ потенцираат дека вградувањето на микрочипови се спроведува за да се откријата сопствениците на домашниот миленик доколку тој биде напуштен и заловен од шинтерските служби.

Инаку, оваа проблематика се развлекува со години. Граѓанските организации со години бараат да се создаде механизам, да се поттикне одговорно сопствеништво за да се намалува бројот на кучињата скитници, паралелно со хуманиот третман на службите – „залови, стерелизирај, врати“.

Последен пат, АХВ во февруари рече дека ќе обезбеди 100.000 микрочипови за обележување на домашните миленици. Потенцираа дека микрочипот ќе ги содржи информациите за сопственикот на животното и состојбата со примените вакцини. Исто така, потсетија дека законска обврска секој сопственик на домашен миленик e да го микрочипира и вакцинира против беснило и ги повика сопствениците тоа да го направат масовно. Сопствениците кои нема да ги микрочипираат своите миленици ќе добијат казна од 100 до 150 евра.

Државата ќе обезбеди 100 000 микрочипови за домашните миленици