Агенцијата за пошти бара зголемување на лимитот за бесцарински увоз на онлајн пратки

Агенцијата за пошти побара да се зголеми лимитот за бесцарински увоз на пратки за лична употреба кои граѓаните ги порачуваат преку интернет, а им се доставуваат по пошта.

Ако се усвои оваа иницијатива граѓаните по пошта,  без да плаќаат царина, ќе може да порачуваат стоки во вредност од 150 евра, наместо сегашните 45 евра. Колку за споредба, со патничкиот сообраќај е дозволено да се внесуваат стоки до 350 евра без да се платат царински давачки.

Крајниот одговор за ова барање треба да го дадат Министерството за финансии и Царинската управа. Од Агенцијата за пошти пак уверуваат дека подигнувањето на лимитот нема да ги поскапи поштенските услуги.