Агенција за млади и спорт распиша конкурс за идејно решение за затворен базен

Агенцијата за млади и спорт распиша Конкурс за идејно решение за затворен базен наменет за ученици, спортисти и рекреативци.

Според огласот објавен на Бирото за јавни набавки, објектот треба да овозможи услови за одржување на настава по пливање, обуки на непливачи, тренинг, рекреација, и натпревари. При осмислувањето треба да се користат европските нормативи и стандардите на светската пливачка федерација ФИНА.

Објектот треба да се вклопи во училишни дворови или во веќе постојни спортски комплекси, димензиониран да ги задоволува потребите на една општина.

Критериумите што треба да ги исполнат овие идејни решение се функционалност и применливост, иновативен пристап и оригиналност, економичност на изведбата, изводливост на објектот, одржливост на објектот, енергетска ефикасност.

Прва награда е 50 000 денари, втора 20 000 денари а трета 10 000 денари.

Краен рок е 10 октомври, 2018 година до 12 часот по локално време. Идејните решенија се предаваат до архивата на Агенција за млади и спорт на ул. „Македонија“ бр.38, 1000 Скопје.