Африканските слонови се истребуваат со поголема брзина отколку што се раѓаат

Податоци објавени на Светскиот ден на дивите животни од Обединетите нации покажуваат дека популацијата на слонови се намалува и покрај пореткото ловење на овие животни за нивните коски.

Повеќе африкански слонови се убиваат за слонова коска, отколку што се раѓаат. Новите податоци објавени во вторникот покажуваат дека 60 отсто од починатите слонови изминатата година биле убиени од ловци.

„Населението на слонови во Африка се соочува со закана по нивното постоење, особено во централна и западна Африка, каде сѐ уште можат да се забележат високи нивоа на лов на слонови“, вели Џон Сканлон, генерален секретар на Конвенцијата за лов на загрозени видови, која ги собира податоците. Најмалку 20000 слонови биле убиени поради нивните коски во 2015.

Но, Сканлон вели дека има охрабрувачки знаци во источна Африка, како на пример во Кенија, каде ловењето е сѐ поретко.

Ловот на слонови беше најзачестен во 2011 година, кога беше виновен за околу 75 проценти од смртните случаи кај слоновите.

Новиот извештај открива зголемување на ловот на слонови во Националниот парк Кругер во Јужна Африка. Пропорцијата на слонови убиени од ловци пораснала од 17 на 41 процент минатата година.

„Иако ова е сепак под прагот на одржливост, порастот на лов во една од најбезбедните локации за слоновите во Африка е причина за загриженост“, пишува во извештајот.

Во јануари, ловците срушија хеликоптер во Танзанија и го убија британскиот пилот кој го управуваше, за време на операција на лоцирање на трговци со слонова коска. Во октомври минатата година, 14 слонови беа отруени со цијанид во Зимбабве.

Извор: Guardian