Африканци се борат со стереотипи во медиумите со твитање слики од нивниот живот

Како одговор на преголемата симплификација на африканскиот идентитет во медиумите, како и симплификацијата на корените на сиромаштијата кај некои нации, Африканците започнаа кампања на социјалните медиумите за да го покажат диверзитетот на континентот.

Дваесет и две годишната студентка во Америка, која потекнува од Сомалија, Диана Сала (@lunarnomad), помогна да започне кампањата со хаштаг #TheAfricaTheMediaNeverShowsYou. Откако започна пред десетина дена, хаштагот бил искористен преку 54 илјади пати.

Човечката трагедија навистина постои во Африка, но тоа е половина од вистината. Преку твитање интересни фотографии и факти за реалниот живот, Африканците ја шират приказната која најчесто не е пренесена во медиумите, за среќата, талентот и тешко-заработениот успех.