Аерозагадувањето убива над пет милиони луѓе годишно, покажува ново истражување

Загадувањето на воздухот убива повеќе од 5,5 милиони луѓе секоја година, покажува ново истражување што го спроведe Светската здравствена организација како дел од глобален проект за истражување на влијанието на разни болести.

Меѓународен тим на научници го истражувале нивото на загаденост на воздухот, внатре и надвор, со цел да го пресметат неговото влијание врз здравјето.

„Загадувањето на воздухот е четвртиот најголем ризик фактор за смрт во светот и еден од водечките фактори за загадување на животната средина“, рече професорот Мајкл Брауер од Универзитетот на Британска Колумбија во Канада.

Електричните централи, индустриското производство, издувните гасови на возилата и согорување на јаглен и дрво се главни извори на мали честички кои навлегуваат во белите дробови и го загрозуваат здравјето на луѓето, покажува истражувањето.

Повеќе од половина од овие смртни случаи биле забележани во Кина или Индија. Во 2013 година, се проценува дека 1,6 милиони луѓе починале во Кина, а во Индија починале 1,4 милиони луѓе поради здравствени компликации или загадувањето на воздухот.

Во Кина, горењето на јагленот е најголем загадувач на воздухот. Во Индија, пак, е поради горењето дрва, животински измет или други форми на биомаса за готвење и греење, се вели во истражувањето.

Истражувањето беше презентирано на годишната средба на Американската асоцијација за унапредување на науката.