Аерозагадувањето од фосилни горива причина за еден од секои пет смртни случаи

Загадувањето на воздухот од фосилни горива придонесува за еден од секои пет смртни случаи на светско ниво, покажува нова научна студија.

Истражувањето покажало дека аерозагадувањето од фосилните горива било одговорно за 10 милиони предвремени смртни случаи во 2012 година, а Кина и Индија се државите во кои предвреме биле изгубени најголем број животи.

Студијата објавена во списанието „Еколошки истражувања“ (Environmental Research) се фокусира само на смртните случаи кои се последица на загадувањето со ПМ 2,5 честичките и открива дека во 2018 година 8,7 милиони луѓе починале поради аерозагадувањето со фосилни горива. Оваа бројка претставува 18 проценти бројот на смртните случаи на светско ниво таа година.

„ПМ 2,5 продираат длабоко во нашите бели дробови. Највисоката смртност се проценува дека има во регионите каде има високо ниво на согорување на фосилни горива, како Индија, Кина, делови од истокот на САД, Европа и Југоисточна Азија“, објаснува авторката на студијата Карн Вора за Индепендент.

Доказите покажуваат дека изложеноста на ПМ 2,5 честички е поврзана со широк опсег на белодробни заболувања, мозочни удари и инфаркти.