Нивоата на загадувачи на воздухот и гасови во некои градови и региони покажуваат значителни падови, бидејќи коронавирусот влијае врз работата и патувањето, објави Би-Би-Си.
Резултати на истражувачи од Њујорк покажале дека јаглеродниот моноксид, главно од автомобилите и камионите, бил намален за скоро 50% споредено со минатата година. Емисиите на јаглерод диоксидот (ЦО2) што ја загрева планетата – исто така нагло се опаднати за 5-10%, а намален е и метанот.
Но, постојат предупредувања дека нивоата би можеле да пораснат брзо по пандемијата.
Бидејќи светската економија рапидно паѓа како резултат на коронавирусот, не е премногу изненадувачки што паѓаат и емисиите на разни гасови поврзани со енергија и транспорт.
Научниците велат дека до мај, кога емисиите на ЦО2 го имаат својот пик, благодарение на распаѓањето на лисјата, нивоата може да бидат најниски од финансиската криза пред повеќе од една деценија.

Извор: НАСА
Иако се рани резултати, податоците собрани во Њујорк оваа недела сугерираат дека инструкциите за непотребно патување имаат значително влијание.
Нивото на сообраќајот во градот се проценува дека е намалено за 35% споредено од пред една година.
„Њујорк има извонредно високи бројки на карбон моноксид во изминатава година ипол“, вели професорот Роисин Коман од Универзитетот Кулумбија, кој го спроведуваше мониторингот на Њујорк.
„Ова е најчистиот Њујорк што го имам видено. Ова е половина од она што нормално го гледаме во март“, нагласува тој.
Иако треба со доза на претпазливост да се земат бројките од овие истражувања, сепак, тие даваат поголема слика за влијанијата кон животната средина поврзани со ширењето на вирусот во Кина и Италија.

Сателит на Европската вселенска агенција (ЕСА) ги покажува нивоата на азотниот диоксид
Анализи на климатскиот вебсајт Carbon Brief сугерираат дека имало пад од 25% на користењети енергија и емисиите во Кина за период од повеќе од две недели. Според експертите, ова би придонело за вкупен пад од 1% од емисиите на јаглерод во Кина за оваа година.
И Кина и Северна Италија исто така забележаа значителен пад на азотниот диоксид, што е поврзано со намалените патувања со автомобили и индустриската активност. Гасот е сериозен загадувач на воздухот и моќна хемикалија за затоплување, анализира Би-Би-Си.