Аерозагадувањето го продолжи зимскиот распуст на учениците за два дена

Поради големото загадување на воздухот, се продолжува зимскиот распуст за сите ученици заклучно со вторник 22 јануари, соопштија од Владата.

Одлуката се однесува на сите ученици од сите јавни и приватни основни и средни училишта во Република Македонија, а е донесена  преку итна координација на Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство.

Продолжување на траењето на зимскиот распуст за сите ученици ќе трае во времетраење од два дена, заклучно со вторник, 22 јануари 2019 година.

Училиштата ќе бидат во функција, ама учениците нема да посетуваат настава следните два дена.

Во овој период, најавуваат од Владата, ќе ја следат состојбата и ќе одлучат околу времетраењето на продолжувањето на зимскиот распуст.