Адвокати од неколку држави планираат да изготват план за криминализирање на уништувањето на екосистемот

Планот за нацрт легална дефиниција на „екоцид“ доби поддршка од европските држави и малите островски нации.

Адвокати од неколку земји прават нацрти за легализирање на криминалот „екоцид“ – со што ќе се криминализира уништувањето на светските екосистеми. Оваа акција доби поддршка од европски земји и островски нации кои се под закана од растот на нивото на морињата.

Тимот кој ја координира иницијативата е предводен од професорот Филип Сандс, од Универзитетот во Лондон, како и Флоренс Мумба, поранешна судијка во Меѓународниот суд за правда.

Целта е да се направи нацрт план за правна дефиниција на терминот „екоцид“, кој ќе ги вклучува останатите интернационално казниви акти, злодела против човештвото, воени злосторства и геноцид.

Проектот, кој е предводен од Фондацијата за стопирање на екоцидот, инаку составена од шведски парламентарци, стапи на сила овој месец за да поклопи со 75 годишнината од отворањето на судењата за воените злосторства во Нумберг од страна на нацистичките лидери во 1945 година.

Неколку мали островски нации, вклучувајќи ги  оние на Пацификот и Малдивите, како и на островите во Индискиот океан, повикаа за „сериозно разгледување“ на криминалот во „екоцидот“ при средбата на земјите членки на Меѓународниот суд за правда која се одржа во декември минатата година.

Францускиот претседател Емануел Макрон и Белгиската Влада ја поздравија иницијативата. Дејвид Леми, секретарот за правда исто така повика екоцидот да биде вклучен во законот.

Меѓународниот суд за правда кој се наоѓа во Хаг претходно вети дека ќе ги стави во прв план криминалите кои резултираат со „уништувањето на околината“, „експлоатацијата со националните богатства и „илегалнато поседување на земјата“.

Според новата полиса на судот во Хаг, институцијата нема да ги прошири судењата, но ќе ги истражи моменталните обвинувања, како криминал против човештвото, во поширок контекст. Засега, нема формални истражувања или или обвиненија од овој тип.

„Ова е одличен тајминг за да се искористи моќта на интернационалните закони за криминал за да се заштити нашата околина. Се надевам дека на оваа група и ќе биде овозможено да воспостави дефинирање кое ќе биде практично, ефективно и одржливо, решение кое ќе привлече поддршка и ќе дозволи да се вклучи како амандман во Меѓународниот суд за правда“, изјавил професорот Сандс.

Извор: Guardian