Администрацијата на Бајден го врати предлогот Хариет Табмен да се најде на банкнотата од 20 долари

Банкнотата од 20 долари ќе добие ново, но сепак познато лице.

Администрацијата на Бајден ќе го продолжи процесто за да го замени претседателот Ендрју Џексон со познатата активистка која се борела за укинување на ропството – Хариет Табмен. Веста ја соопшти секретарката за медиуми на Белата куќа Џен Псаки, а тоа таа подоцна беше потврдена и од Гувернерската комора.

Табмен ќе стане првата афроамериканка чие лице ќе се најде на американските банкноти. Таа воедно е и првата жена после многу долго време  – Марта Вашингтон се појави на банкнотата од еден долар во 1890 година, а Покахонтас се најде на групната слика на банкнотата од 20 долари во 1860 година, пренесува Ројтерс.

„Гувернерската комора презема чекори за продолжување на процесот преку кој Хариет Табмен ќе се најде на банкнотата од 20 долари. Важно е да ја рефлектираме историјата и различноста на нашата земја, а сликата на Хариет Табмен на банкнотата од 20 долари ќе ја постигне целата. Бараме начини да го забрзаме процесот“, изјавила Псаки.

„Хариет Тубмен живееше во време кога Конгресот, Судот и нацијата се расправаа дали е легално човек да поседува човек. Ова е вистински акт на слобода и независност. Табмен се ослободи од ропството, за да се врати на Југот над 19 пати, ризикувајќи ја сопствената слобода и живот за да ја спаси својата фамилија и останатите од живот поминат во ропство“, изјавил Дерик Џон, раководител на Националноto здружение за напредок на обоените луѓе.

Администрацијата на Обама ги објави плановите за банкнота со Табмен во 2016, откако преку национална анкета таа беше избрана од група на жени кој би можеле да се најдат на американската банкнота. Но претседателот Доналд Трамп и секретарот Стивен Манчин ги сопреа овие планови во 2019 година.

Трамп бил познат како фан на Џексон, робовласник кој историчарите го повикуваат како одговорен за гонењето и смртта на илјадници американски индијанци.

„Ендрју Џексон е голема историска фигура. И мислам дека е многу тешко да се оттргне од банкнотата“, изјави Трамп во 2019 година.

Трамп ја опиша одлуката да се воведе Табмен како „чиста политичка коректност“ и сугерираше таа да ја краси банкнотата од два долари.

Портпаролот од Гувернерската комора истакнал дека сè уште нема датум кога банкнотата ќе влезе во циркулација.

Табмен била родена во ропство во 1822 година во Мериленд. Таа во 1849 година избегала во Филаделфија, но се вратила за да ги спаси останатите робови и семејството, додека истовремено се борела и со хронични симптоми од мозочната повреда здобиена од робовласник.

Извор: Washington Post