Адидас одбиле реклама снимена од студент, видеото стана интернет хит

Емотивна реклама за Адидас снимена од 26-годишниот студент на режија, Еуген Мерхер, е досега најгледано видео за 2017 година.

Рекламата долга една минута и 40 секунди, која го носи името Break Free, се фокусира на стар поранешен германски маратонец. Го поминува своето монотоно време во старечки дом, се додека еден ден не ги наоѓа своите стари Адидас патики и решава да трча.

Старечкиот дом постојано се обидува да го сруши неговиот младечки дух, но на крајот на рекламата има пресврт кој завршува на позитивна нота.

За жал, станува збор за реклама која била одбиена од одделот за комуникации на гигантот за спортска опрема.

„Се обидовме да ја испратиме рекламата на Адидас, но не изреагираа“, рекол Еуген за Huffington Post.