„A Strange Day“ – Спој на стрип, музика и филм вечерва во Old School Cafe

Dominion Events (Марко и Златко) во соработка со Old School Cafe вечерва во 21 часот организираат забава која ќе биде синтеза на три уметности: стрип, музика и филм, насловена како „A Strange Day“.

Ексклузивно ќе бидат изложени страниците од стрип изданието на Стефан Николовски кое изобилува со фантастични призори поставени во мистичните пространства на неговите загадочни мисли. Настанот ќе биде надополнет со проекции на култни жанровски филмови заедно со музичкиот избор на Dominion Events.

Изложените копии од страниците на стрипот кон крајот на забавата ќе бидат доделени на посетителите. За да добијат еден примерок, посетителите ќе треба да го запишат името и презимето на приложените листови хартија и да ги стават во кутијата. Доколку бидат извлечени, дома ќе заминат со потпишано дело од страна на самиот автор.