Голем дел од носорозите во Националниот парк Читуан се успешно преселени во новиот дом, Националниот парк Бардиа. Возрасниот мажјак, прикажан на фотографиите во продолжение, е меѓу првите од 30 носорози кои треба да се дислоцираат во следните две години, со цел да се обезбеди уште една жива популација и да се достигне поранешното ниво на носорози.
За дислоцирањето е ангажиран тим од истражувачи, кои прво ги наоѓаат носорозите во паркот, а кога ќе успеат да стигнат до нив, ги погодуваат со седатив за полесно да ги транспортираат. Нивното преселување е од суштинско значење за да се обезбеди стабилна популација, а за таа цел, се користат 33 слонови и се вклучени 250 луѓе.
Од почетокот на годината, до сега, биле дислоцирани пет носорози, а до крајот на 2018 година се очекува да се дисплоцираат преостанатите. Проектот го предводи Министерството за шумарство и заштита на почвата, со поддршка од Националниот фонд за заштита на природата, војската и локалната заедница.
Во продолжение, е прикажан процесот на дислоцирањето на носорозите во Непал.