Еден од најинтересните светски музички фестивали, исландскиот „Secret Solstice“ и годинава понуди невообичаени, уникатни локации за забава. Како дел од тридневниот настан, за време на кој сонцето никогаш не заоѓа, беше одржана и несекојдневна журка со T.E.E.D. (Totally Enormous Extinct Dinosaurs) и Artwork, кои настапија на 500 метри под површината на вториот по големина глечер во Европа.
Диско и хаус звуците одѕвонуваа на веројатно најчудната локација за журка во историјата на овие музички правцки. Погледнете ја атмосферата на оваа единствена журка:
 
						 
								 
               
				![[Видео] T.E.E.D. и Artwork настапуваат 500 метри под глечер на фестивал на Исланд](https://www.radiomof.mk/wp-content/uploads/2015/09/ice-1-660x336.jpg)