Хип Хоп Манија

Хип Хоп Манија е емисија резервирана за овој стил на музиката, развојот и новите збиднувања во Македонија. Секако, дека покрај македонска хип хоп музика ќе има и доста музика од регионот и светот зачинета со информации и новости. Љубителите на овој стил музика со свои идеи и коментари ќе можат да учествуваат во креирањето и збогатувањето на емисијата. Затоа, бидете закачени на Радио МОФ секој трет вторник од 18:00 до 19:00 часот. Водител ќе биде Дино ака Бесниот Витез кој за вас ќе покани и интересни гости во студио како познати артисти и диџеи од домашната хип хоп сцена.