Париските власти ги заменија љубовните катанци со графити

За голем број заљубени двојки, посетата на Париз не е целосно ако не се запечати нивната љубов со катанец кој ќе го постават на еден од мостовите во градот. Меѓутоа, како што традицијата прерасна во туристичка атракција во последните неколку години, така тежината на овие катанци достигна до 45 тони метал.

Мостовите почнаа да попуштаат од преголемата тежина на љубовните катанци што ги натера париските власти да започнат со нивно отстранување овој месец.

Градскиот совет денеска ги претстави графичките дела кои ќе ги заменат љубовните брави. Привремените дрвени панели се поставени на местото на катанците по должината на мостот. Таблите ги претставуваат уметничките дела на локални графити уметници кои во своите дела вметнале елементи од љубовните катанци, како знак на романтичната традиција.

Париските власти претходно ја спроведоа кампањата „селфи, не катанци“, со цел да ги оттргнат паровите од идејата да поставуваат нови катанци.

Овие панели со графити се привремени додека не бидат целосно поставени во септември.