Заврши снимањето на краткометражниот филм „Долу од рајот“

Вчера заврши снимањето на  краткометражниот филм со работен наслов „Долу од рајот“ на младиот македонски режисер Саша Станишиќ по сценарио на Кристина Христова- Николова. Снимањето траеше шест дена и се одвиваше на повеќе локации во Битола.

Заврши снимањето на краткометражниот филм „Долу од рајот“

Ова е трет филм на режисерот Саша Станишиќ. Автор е на два краткометражни филмови „Мангава Диско Панк“ кој беше дел од омнибусот „Скопје Ремиксд“ и „Митот за Сара“.

Заврши снимањето на краткометражниот филм „Долу од рајот“

Главните улоги ги играат Ана Ошавкова, Зоран Бојаровски, Кристина Христова- Николова и Соња Ошавкова. Директор на фотографија е Горан Наумовски, сценограф Влатко Зафирковски, костимограф Бурим Муслиу, музиката за филмот е на турскиот бенд Баба Зула

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Р. Македонија, Националниот филмски центар во Бугарија и СЕЕ Синема Нетворк.