Вчера заврши снимањето на краткометражниот филм со работен наслов „Долу од рајот“ на младиот македонски режисер Саша Станишиќ по сценарио на Кристина Христова- Николова. Снимањето траеше шест дена и се одвиваше на повеќе локации во Битола.
Ова е трет филм на режисерот Саша Станишиќ. Автор е на два краткометражни филмови „Мангава Диско Панк“ кој беше дел од омнибусот „Скопје Ремиксд“ и „Митот за Сара“.
Главните улоги ги играат Ана Ошавкова, Зоран Бојаровски, Кристина Христова- Николова и Соња Ошавкова. Директор на фотографија е Горан Наумовски, сценограф Влатко Зафирковски, костимограф Бурим Муслиу, музиката за филмот е на турскиот бенд Баба Зула
Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Р. Македонија, Националниот филмски центар во Бугарија и СЕЕ Синема Нетворк.