21% од цевките на водоводната мрежа во Тетово содржат азбест, канцероген материјал кој во некои земји веќе неколку години е надвор од употреба. Овие стари цевки се причина што во мрежата се губат големи количини на вода и не стигнува до граѓаните. Здружението „Подобро за Тетово“ предупредува дека овој проблем мора да се реши од темел, а директорот на ЈП „Водовод“ вети решение, пишува Порталб.мк.
Покрај честите дефекти во водоводната мрежа и недостатокот на вода, проблем сам по себе во овој поглед е што дел од водоводот во Тетово има стари цевки што содржат азбест. Мрежата исто така е стара и амортизирана. Од Јавното општинско претпријатие „Шара“ за Порталб.мк потврдија дека 21% од водоводните цевки во градот содржат азбест.
„Општината треба да почне од темелите па се до покривот, а не обратно“
Општинскиот советник од иницијативата „Подобро за Тетово“, Агрон Арифи, за Порталб.мк изјави дека иако во последните години е работено сериозно за замена на азбестните цевки, Тетово сè уште има цевки во својата водоводна мрежа што со законите на ЕУ од 2005 година се забранети.
„Загубите на вода во застарената водоводна мрежа се токму поради овие цевки. Општина Тетово мора да даде приоритет на замената на овие цевки, што би го подобрило и количеството на вода што ќе стигне до граѓаните, а не да се фокусира на дигиталните водомери, кои мислам дека треба да бидат последната алка во комплетирањето на мозаикот на водоводниот систем во Тетово“, рече Арифи.
Тој вели дека за решавање на овој голем проблем на Тетово бара да се почне од темелите кон покривот, а не обратно, од покривот, па кон темелите.
Азбестот е опасен при вдишување
Пред некое време, специјалистот за хигиена и екологија, Ратко Давидовски, објасни дека азбестот не се апсорбира од дигестивниот тракт, па затоа не е опасен од здравствен и еколошки аспект кај водоводните цевки.
„Тој е опасен за здравјето при вдишување“, рече Давидовски.
21% од водоводните цевки со азбест
Директорот на ЈКП „Шара“, Валон Зеќири, за Порталб.мк потврди дека некаде околу 21% од цевките во градот се азбестни цевки.
„Имаме три главни линии, линијата што излегува од градскиот резервоар на околу 550 метри, веќе имаме проект за тој дел и работите за нивна замена ќе започнат, а остатокот требаше да се поправи кога се асфалтираа улиците, улиците што беа асфалтирани пред околу 7-8 години, тие не се поправени, веќе имаме подготвено проект за замена на сите овие цевки што содржат азбест“, рече Зеќири.
Што се однесува до тоа кога се очекува да се заменат овие цевки, Зеќири верува дека во рок од една година ќе ја заменат главната цевка која е долга 550 метри и што излегува од резервоарот до улицата „Мурат Бафтијари“.
„Потоа ќе продолжиме со околу 2 километри што треба да ги замениме во градот“, рече Зеќири.
Каде се наоѓаат азбестните цевки во Тетово?
Азбестните цевки во градот се наоѓаат на овие улици:
• А.Ј. Журчин: 450-550 м.
• Горна чаршија до Старата библиотека: 350-750 м.
• Горна чаршија – Текстилно училиште и некои делови од градот: 300-1,5 км.
• Стара библиотека – Борис Кидрич – И.Р.Л.: 250-1,6 км.
• И.Р.Л. – Центар – Чаршија: 200-850 м.
• Чаршија – Монопол: 150-830 м.
• Благоја Тоска – Касарна: 125-250 м.
• Л. Б. Пиш – Луботенска – Благоја Тоска – Гостиварска: 100-1,4 км.
• Км-Бране Стефановски – Л.Б. Пиш – Борис Кидрич: 80-1,5 км.
• Ѓорче Петров – Боро Вулиќ: 50-650 м.
Општината го заборави ветувањето
Од Општина Тетово во 2022 година нагласија дека замената на старите цевки со нови се врши за време на дефекти, кои што се јавуваат често. Оваа институција ветија дека планираат да се фокусираат на решавање на овој проблем, но сепак, ова прашање сè уште останува нецелосно решено.
Што треба да знаеме за азбестните цевки?
Азбестот е познат канцероген кога се внесува во телото преку вдишување/дишење. Врз основа на досегашните научни сознанија, нема докази дека внесувањето на азбестот преку уста (ингестија) му штети на здравјето. Иако е добро проучено, нема убедливи докази за канцерогеноста на азбестот поврзана со водата за пиење. Токму поради оваа причина Светската здравствена организација (СЗО) не гранична гранична параметарска вредност за количината на азбест во водата за пиење.
Азбестот има долги, тенки, игличести влакнести структури. Кога овие микроскопски влакна се движат со помош на воздушните струи, тие лебдат во воздухот и лесно можат да се вдишат при дишење и да завршат во белите дробови. Научниците го признале азбестот како закана за здравјето на луѓето бидејќи овие влакна, кога се вдишуваат, можат да предизвикаат рак и други белодробни заболувања. Сите сме изложени на ниски нивоа на азбест во воздухот, но веројатноста да доживееме нарушувања поврзани со азбест е поголема во зависност од високите концентрации на азбест и времетраењето на изложеноста.
Различни студии потврдиле дека внесувањето азбест преку вдишување (респираторни органи) може да предизвика рак на белите дробови. Следствено, проблем со употребата на азбестно-цементните цевки во системите за водоснабдување е за луѓето кои се изложени на азбестна прашина при работа со овие цевки, поради ризикот од вдишување на оваа прашина. Овој факт ја наметнува потребата Јавните претпријатија за водоснабдување да преземат соодветни заштитни мерки за заштита на здравјето на работниците кои се изложени на ризик од азбестна прашина.
Иако ги чинеше граѓаните милиони, водоводната мрежа постојано има дефекти.
Ветувањата на градоначалникот на Тетово, Билал Касами, не се исполнети како што беше ветено.
И покрај интервенциите, граѓаните во овие четири години се соочија со недостиг, ограничувања и разни проблеми со водоснабдувањето. Касами образложи дека тоа што не е завршено во рок од четириесет години не може да се заврши во рок од една или четири години.
Пред локалните избори во 2021 година во #Дебатперниме тој рече дека како Движење Беса, приоритет над приоритетите ќе биде еднаш засекогаш да се реши ова прашање „Ме ка крејт“ за четири години.
Во неговата изборна програма 2021-2025 за управувањето со Тетово, во делот за урбанистичкото планирање Касами вети нова водоводна и канализациска мрежа.
Додека пак во својата изборна програма за управување со Тетово за периодот 2025-2029 година, во делот за урбанистичкото планирање, тој ветува нова водоводна и канализациска мрежа.
Фото: Водоводните цевки на Лешница – Тетово. Фото: Фисник Џелили/Порталб.мк



