Ретка и впечатлива глетка од дивината е забележана покрај реката Радика, каде мечка со своите две мечиња била снимена како се бања во реката, уживајќи во првите денови од пролетта.
Снимката е објавена на фејсбук-страницата „Ривер Радика“, од каде информираат дека вакви сцени ретко може да се видат во природата. „Поглед што ретко се гледа – мечка со своите мали фатени на камера покрај Радика“, се наведува во објавата.
Автор на видеото е Един Исмаили, кој успеал да го забележи овој несекојдневен момент од животот на дивите животни.


