Двојната победа на анимираниот филм KPop Demon Hunters на годинашните Оскари предизвика голема еуфорија во Јужна Кореја. Филмот освои награди за најдобар анимиран филм и најдобра оригинална песна со песната „Голден“. Според коментарите на медиумите, ова комбинација на перформанси при прогласувањето е показател на корејското влијание на глобалната културна сцена.
Филмот е ко-режиран од Маги Канг според критичарите се потпира на корејската естетика, традиционалната музика и елементи од културата. Филмот стана хит на Netflix и достигна огромна гледаност ширум светот.
На церемонијата беше изведена песната „Голден“ со настап во кој учествуваа дваесет и четири танчери и традиционални музички елементи. Во публиката холивудски ѕвезди како ДиКаприо, Стивен Спилберг и Ема Стоун кои беа забележани како мавтаат со светлечки стапчиња карактеристични кои се карактеристични на корејската поп сцена.
Корејската кинематографија веќе има значаен успех на Оскарите. Филмот Parasite на режисерот Бонг Јон Хо во две илјади и дваесеттата година освои четири Оскари – за најдобар филм, најдобра режија, најдобро оригинално сценарио и најдобар меѓународен филм. Тој стана првиот филм на неанглиски јазик што ја освоил наградата за најдобар филм.
Меѓу другите најпознати добитници на Оскар за најдобар филм во поновата историја се Титаник, Господар на прстените, Милионер од сиромашните квартови, Обликот на водата и др.
Успехот на корејските филмови според филмските критичари и филмолозите се смета за доказ дека локалната култура може да се претвори во глобален тренд и да стане важен дел од светската филмска индустрија.



