Јапонскиот дизајнер на игри Сатоши Тајири на 27 февруари 1996 година ги објави првите игри од франшизата Покемон ред енд блу and за конзолата Нинтендо. Она што започна како детска страст кон собирање инсекти прерасна во глобален феномен што денес има силно влијание и врз науката.
По повод 30-годишнината од Покемон, списанието Nature разговараше со научници кои откриваат дека игрите, анимираната серија и размената картички влијаеле врз нивниот професионален избор. Темите како класификација, еволуција, фосили и биодиверзитет се дел од светот на Покемон, но и од реалната научна работа.
Ентомологот Спенсер Монктон од Универзитетот во Гвелф вели дека „мораш да ги собереш сите“ наликува на работата на таксономите. Тој дури именувал нов вид пчела како Шаризард, инспириран од познатиот змејолик Покемон.
Фосилите се уште една важна тема. Во Музејот Филдс во Чикаго е отворена изложба што ги поврзува Покемоните со вистински праисториски суштества. На пример, Аеродактил е инспириран од птеросаурусите, а Аеродактил од Археоптер, пернат диносаурус стар околу 150 милиони години.
Покемоните се користат и како образовна алатка. Истражувања покажале дека децата подобро паметат видови преку игри отколку преку класични презентации. Дури биле искористени и за разобличување на предаторски научни списанија, преку испраќање лажни трудови со имиња на ликови од серијата.
Научниците заклучуваат дека ваквите популарни културни феномени можат да помогнат во приближување на науката до јавноста и во поттикнување нови генерации истражувачи.
Извор: Nature
Фото: Википедиа



