Пожарникар во Сицилија го ризикуваше својот живот за да спаси книги од бибилиотека по активирање на големо свлечиште

Библиотеката поседува околу 4.000 книги од книжевноста, историјата и публицистиката, вклучувајќи повеќе ретки изданија за историјата на островот отпечатени пред 1830 година.

Сицилијански пожарникар кој работи на спасување книги од библиотеката

Пожарникарите на Сицилија спасија околу 400 ретки книги од библиотеката во Нишеми, која се наоѓа на самиот раб на бездна, откако големо свлечиште откорна цел дел од падината на градот.

По одронот се формираше провалија долга четири километри, а дел од зградата буквално виси во воздух.

На операцијата за спасување ѝ претходеше детална анализа на теренот и внатрешноста на библиотеката за да се мапира распоредот на книгите. Пожарникарите пробија ѕид зад библиотеката и, влегувајќи само неколку минути, ги врзуваа полиците и ги извлекуваа книгите.

Меѓу највредните примероци има и книга од 16 век.

„Сè изгледаше како грабеж на банка. Моравме да бидеме брзи и да изнесеме што е можно повеќе“, изјави Салваторе Кантале, командант на противпожарната бригада во Калтанисета.

Дрон испраќаше снимки во реално време, додека ласерски сензори ги следеа и најмалите поместувања на објектот. Свлечиштето започнало на 25 јануари, уништувајќи патишта и куќи, а повеќе од 1.600 луѓе биле евакуирани.

Многу книги сè уште се во подрумот, најризичниот дел од зградата. Властите размислуваат за употреба на робот, но соодветен уред засега нема. Геолозите предупредуваат дека библиотеката би можела да се лизне надолу како еден блок, по што спасувањето на преостанатите книги можеби ќе биде полесно.

Меѓу оние што апелираа за спас на вредната збирка е и писателката Стефанија Аучи.

Извор: The Guardian

Фото: Freepik