Се тресе тлото под Балканот: Земјотрес почувствуван во Босна и во Србија

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала вчера беше почувствуван во Босна и Херцеговина.

Според податоците на Европско-медитерански сеизмолошки центар, потресот се случил во 17:31 часот, со епицентар во близина на градот Ливно, на длабочина од 10 километри.

Жителите на Ливно и околните населени места пријавиле дека земјотресот бил јасно почувствуван. Според нивните сведоштва, во последните секунди се почувствувал посилен удар, проследен со силно нишање кое траело меѓу пет и осум секунди. Потресот бил почувствуван и во делови од Далмација, во соседна Хрватска.

Засега нема информации за евентуални материјални штети или повредени лица.

Пред една недела земјотрес со иста јачина беше регистриран и во Македонија, со епицентар на косовска територија, во близина на границата со Македонија. Надлежните служби тогаш информираа дека нема пријавени поголеми последици.