ССМ со нов протест пред Влада: Најава за голема блокада во март

На денешниот протест на Сојуз на синдикатите во Македонија пред Владата порача дека доколку не се испочитуваат барањата на работниците за покачување на минималната плата заклучно со февруари, во март се најавува голем генерален штрајк на работниците.

Од ССМ порачуваат дека, малата излезеност на денешната блокада, за нив трета по ред, овај пат од пред Владата, се должи на тоа што работниците се на своите работни места. Од таа причина наредниот протест ќе се одржи во неработен ден, како би се овозможило на работниците да го покажат своето незадоволство од висината на минималната плата во Македонија.

Барањето за зголемување на платите, ССМ го темели на порастот на животните трошоци и порастот на вредноста на синдикалната потрошувачка кошничка. Ако синдикатот не успее во барањата за зголемување на платите, работниците кои земаат минимална плата во април, според пресметките, ќе добијат зголемување од 1.500 до 1.700 денари.