„Само за млади“: Јапонски паб воведе горна старосна граница

Додека минималните старосни ограничувања за влез во локали каде се служи алкохол се вообичаена пракса ширум светот, воведувањето горна граница е реткост. Токму таква мерка неодамна воведе јапонскиот паб „Tori Yaro Dogenzaka“ во Токио каде што на влезната врата е назначено дека влезот е дозволен само за гости на возраст од 29 до 39 години.

Станува збор за изакаја – едноставен локал со пристапни цени и жива атмосфера, дизајниран за помлада публика. Од управата објаснуваат дека ограничувањето е воведено за да се зачува концептот на локалот и да се усогласат очекувањата на посетителите. „Постарите гости често се жалеа дека е премногу бучно, па решивме да го ограничиме влезот со цел сите да си заминат задоволни од искуството“, изјави ПР-претставникот Тошихиро Нагано.

Сепак, од Управата на локалот потенцираат дека постојат исклучоци, па така постари лица можат да влезат ако се во придружба на барем едно лице помладо од 39 години, како и случај ако се пријатели или деловни партнери на локалот.

Ваквата одлука предизвика поделени мислења на социјалните мрежи а дел од корисниците истата ја сметаат за дискриминаторска. Иако необична, ваквата пракса не е целосно нова за регионот – во Јужна Кореја многу клубови и кафулиња во студентските квартови неформално ги ограничуваат постарите посетители за да ја зачуваат младешката атмосфера.

Извор: Euronews