Пронајдена неочекувана роднинска врска помеѓу кралот Чарлс III и грофот Дракула

Речиси сите европски кралски семејства се меѓусебно поврзани, најчесто преку политички бракови склучувани со векови. Но, помалку е познато дека некои денешни владетели имаат роднински врски со историски личности од далечното минато – меѓу нив и легендарниот гроф Дракула.

Влашкиот војвода Влад III Цепеш, познат како Влад Дракула, се смета за еден од далечните предци на британскиот крал Чарлс III. Врската оди преку неговата прабаба, кралицата Мери, сопруга на кралот Џорџ V.

Кралицата Мери, родена како Марија од Тек, потекнувала од германско благородничко семејство. Нејзината баба била грофицата Клодин Редеј де Киш-Ред, припадничка на трансилванското благородништво, чија крвна линија води до потомците на Влад Цепеш, поточно неговите синови Влад IV и принцот Минхеа.

Кралот Чарлс III никогаш не ја криел својата наклонетост кон Романија и Балканот. Во 1998 година, по падот на комунистичкиот режим, тој ја посетил Трансилванија, каде се воодушевил од црквите и културното наследство, станувајќи покровител на организации за нивна заштита.

Во документарец на Би-Би-Си од 2011 година, Чарлс низ шега изјавил дека има „дел од земјата“, алудирајќи на својата врска со Дракула. Преку својот татко, принцот Филип, тој има и грчко потекло, поради што покажува длабоко почитување кон Балканот и активно учествува во зачувување на неговото духовно и културно наследство.

Фото извор: Википедиа