Македонскиот фри-џез состав „Светлост“ утре, 31 јануари свири во „Ѕе“, како завршеток на нивната тридневна турнеја.
„Музиката на ‘Светлост“ носи елементи на дарк, дум, панк, модални и психоделични форми на џез. Најновиот албум на бендот, ‘Everything Was As It Had Been a Minute Ago’ од 2024 година, беше ко-издание од ‘PMGJazz’ (Скопје) и ‘Inverted Spectrum Records’ (Будимпешта/Анкара/Белград) беше нивни трет албум на листата на Bandcamp Daily меѓу ‘најважните џез изданија на месецот’“, стои во најавата за концертот.
„Светлост“ ја отсвиреа својата прва подолга меѓународна турнеја во 2024 година, а неодамна одржа серија концерти во Македонија, Србија, Хрватска и Словенија со легендите на фри-џезот Пол Нилсен-Лав и Кен Вандермарк. Нивниот заеднички албум ќе биде издаден оваа година.
„Светлост“ е основан во 2014 година од Нинослав Спировски (кларинет, сопран и тенор саксофон) и Дени Омерагиќ (контрабас, бас гитара, електроника), заедно со Кристијан Новковски (тапани). Неодамна им се придружи и Драган Теодосиев (тапани), кој, покрај неговите матични проекти „Такси Конзилиум“ и „Шок Труперс“, е поврзан со „Светлост“ од 2019 година и свиреше на нивните (критички признати) албуми – „Odron Ritual Orchestra“ (2019, PMGJazz) и „A Wave Returns to the Ocean“ (2021, SJF Records).



