[Фото] „Старо-Нова Македонија“: Првиот наш слободен лист

Насловната страница на првиот број на весникот ,,Нова Македонија”, испечатен во селото Горно Врановци, на 29.10.1944 година.

Првиот број на весникот имал само осум страници и бил издаден во мал тираж, но нивната важноста за македонската држава, навистина е голема.

Весникот бил испечатен на печатарската машина „Бостонка“ која тежела повеќе од еден тон, а која младите партизани на раце ја пренеле во селото кое што во тој момент било слободна територија и претставувало седиште на Главниот штаб на НОВ за Македонија.

За прв уредник бил избран истакнатиот македонски публицист, револуционер и историограф Васил Ивановски.

Првиот број на весникот бил дистрибуиран до штабовите, бригадите и здруженијата на територијата на Македонија и претставувал значаен триумф во процесот на афирмација на новата македонска држава.

Приказната започнува…