„Лузер фест“ на 27 декември во „Лабораториум“

Во „Лабораториум на 27 декември ќе се одржи музичкиот настан за демо бендови „Лузер Фест“, со кој и официјално се затвора „Таксират 2025“.

Финалистите на овој „Лузер Фест“ се „Side Quest“, „Mallard“, „Еритра“, „Мираж“, „Sunneater“, „Маратонци“, „Karma Scale“ и„Гној“.

„Еден артист ќе ја понесе титулата а ќе го избереме заедно со гласање, публиката и жирито. Главната награда е 1.000 евра вредносна инвестиција во снимање албум, сингл или спот (по договор со бендот) и настап на победникот на ‘Д Фестивал 2026’. Дојди и поддржи ја младата македонска музичка сцена!“, соопштија од „Пасворд продикција“, кои стојат и позади „Таксират“.

Инаку, „Лузер Фест“ со ова име традиционално се одржува веќе скоро две децении, а поентата е да се дава простор на нови и свежи македонски бендови.

Меѓу бендовите кои настапуваа на „Лузер Фест“ низ годините се и „Лоши деца“, „Верка“, „Визија“, „ТВ Рејџ“, „Боргот“, „Ска Рингишпил“, „Новиот почеток“, „Project 2501“, „Hardfaced“, „Контакт 59“, „Синиак“, „Conquering Lion“, „Cut your nipple“, „Beseda“, „Conspiracy“, „Харакири“ итн.

Бојан Шашевски