Вкупно 55 музички артисти од 27 до 29 ноември настапија на шест сцени во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, каде се одржуваше „ПИН“ – Меѓународната музичка конференција и концертен саем.
„ПИН“ повторно значеше повеќе настапи истовремено, распрскана енергија низ внатрешниот и надворешниот простор на МКЦ. Млади луѓе, меѓународна публика и постојани резиденти на Центарот движат по скалите горе-доле. Малку од овој бенд, малку од оној. Или слушни цел настап, па отиди на друг. Или отиди да си купиш маичка или пијачка. Или, едноставно, застани крај скулптурата „Малиот принц“ на муабет со другарите.
„ПИН“ се реализираше како дел од дополнителната програма на фестивалот „Таксират“, во организација на „Пасворд“.
Радио МОФ беше присутен на две вечери, па склопивме краток видео колаж со дел од атмосферата, како и настапите на бендови и музичари од повеќе земји.
View this post on Instagram
Бојан Шашевски



