На ивицата од светот, каде што ведрото небо се превиткува во синото море, се наоѓа една куќарка. Истата, со пенџери кои светкаат како фенери во самрак, е дом на животните. Тие кои се собираат во куќарката и творат мелодии за своите денови на оваа планета. Во оваа мала куќичка, творењето никогаш не спие, музиката никогаш не запира, а животните вткајуваат чуда и надеж во овој свет.
„На Балкан, сам“ издаден ноември, 2025 година под издавачката куќа Мртов Коњ, е албум на Животни, односно, проект на Мартин Џорлев заедно со Раде Биковски и Александар Галевски. Овој проект најдобро може да се објасни како синергија на повеќе музички изведувачи од плодната музичка алтернативна сцена во Скопје.
Проектот е пишуван од Мартин Џорлев, кој заедно со Раде Биковски го имаат снимамо и продуцирано во подрумот на Мартин и студиото Алшар во Скопје (Ивица Јанкуловски и Антонио Трчкоски). Раде Биковски го имаме на дополнителни инструменти и аранжман. Додека пак Александар Галевски се јавува на тапани и како дополнителни вокали на „Камен“, заедно со Мае Јосифоска. Дополнително, ги имаме Елена Васова како вокал на „Црна Гора“, Оле Здравковска Шундиќ на виолини на „Црна Гора“ и „На Балкан“. А за оригинален концепт на „Брег“ се јавуваат бендот Малард покрај Мартин Џорлев.
Пишување за ваков албум е тешка задача. Да се стави фокус само на продукцијата и општо структурата во однос на аранжманот и колаборацијата на артистите кои се дел од овој проект ќе биде целосно занемарување на самата порака која Мартин со неговите другари ни ја раскажува.

Слушајќи го албумот, секоја трака си носи свој различен тон, но, истовремено не бега од заедничкиот звук. Екпериментлноста која се јавува кај „Калемегдан“ и ,„На Балкан“, пример, особено околу инструменталот и начинот на кој вокалите играат со слоеви, е тоа што го прави овој албум исклучиво одличен. За овие млади и просперитетни музичари, овој проект е вид опус кој пред се’ ја исзразува нивната флексибилност да си играат со песните. „На Балкан, сам“ го чинат мелодии на џез и фолк, голема компилација на инструменти и бујни вокали. Убав микс на ведриот ритам. Топол пречек за слушателите, „На Балкан, сам“ отвара со исто имената песна. Истата ни ја воспоставува основната мелодија која ќе е присутна во текот на целиот албумот.
Аранжманот е феноменален. Пијаното, виолините. И покрај идејата дека помалку е подобро, за „На Балкан, сам“ максимализмот на инструментите му ја дава бојата. И со самата почетна трака, од сам страт го запазуваме билансот на инстрменталот. Никој инструмент не доминира над другите, за секој неисполнет миг, за секој момент кога пијаното не оди во позадина, гитара ја пополнува празнината или пак еден сразмерен ритам на тапаните. Овој микс на рок музика со елементи на џез, фолк, па дури и суптилни моменти на поп кои не’ потсеќаат на раните 2010ти, ова животно од проект дише, и тоа многу длабоко.
Животни тргнуваат од нивните гледишта за денешниот свет во кој што живееме. Со социјално свесни мотиви, текстовите на „На Балкан, сам“ со убаво изненадување ни вродуваат една надеж за подобро утро. Исклучиво емотивен албум; „Јадран“, седматта песна, е таа која топло ви ја препорачувам да ја чуете – сами, со никакви очекување и предрасуди.
Често забораваме колку светот брзо се менува, луѓето прекинале да живеат и само преживуваат, градовите умираат, сите си заминуваат, и повторно само остануваме ние, сами со себе си на ивицата од светот. „Љубовта сама песни пои, за нас.“ е идејата позади овој одличен проект. Љубовта да зборуваме за социјалните проблеми кои не’ опкружуваат сите, истите кои ги ефектираат сите наши познаници и сакани, нашиот дом, природата. Мартин ни раскажа дел од тоа преку мелодиите на „На Балкан, сам“. Па сега чујте и вие придружитесе во ширењето на оваа љубов!
Кристина Филипоска – Тина
*Рецензијата првично е објавена на сајтот на Мono-ton, каде можете да прочитате различни музички и албумски рецензии, најави за културни настани и сл. Мonо-ton е отворен за луѓе што сакаат да напишат нешто или да споделат рецензија.



