Во скопската општина Кисела Вода, изминатиов викенд се одржа нова еко-акција на иницијативата За почиста Македонија. Овој пат, беше чистен Расадник.
„Благодарност до сите волонтери кои се вклучија во оваа чистка. Со тимска работа и позитивна енергија собравме огромно количество ѓубре и му го вративме сјајот на зеленилото во Расадник“, велат оттаму.
Меѓу отпадот нашле и предмети како волани, телефони, знамиња, столчиња, но и премногу игли и шприцови – дури 6 полни кофи, што го правело ова место исклучително небезбедно.
„На крајот, на исчистеното место уживавме во друштвените игри“, посочуваат од иницијативата.
View this post on Instagram
Фото и видео: За почиста Македонија



















