Регионална програма за младинско лидерство за мобилност (RYLMP), финансирана од Фондацијата Отворено општество – Западен Балкан, а спроведувана од SCiDEV (Албанија), Младински образовен форум (Македонија) и Иницијатива на млади за човекови права (Србија), бара млади професионалци, истражувачи и активисти подготвени да изработат документи кои ќе се претопат во влијателни застапувачки кампањи, наменети да направат промена.
Дваесет избрани учесници од трите земји ќе поминат едногодишна програма со активности во Тирана, Скопје и Белград. Тие ќе следат офлајн и онлајн обуки со ментори од регионот, ќе поминат по една недела во секој од овие градови, ќе ги усовршат истражувачките вештини, ќе запознаат носители на одлуки и ќе научат како самостојно да спроведуваат кампањи базирани на податоци на национално ниво.
Одбраните учесници ќе добијат стипендија која ќе ги покрие патните трошоци, сместување, дневниците и работата на документот. Дополнително, одбраните кампањи за застапување ќе бидат поддржани со мали грантови.
Работниот јазик на сите активности ќе биде Англиски.
КОИ СЕ ОДГОВОРНОСТИ НА УЧЕСНИЦИТЕ ВО ПРОГРАМАТА?
Учесниците на програмата се обврзуваат на следните обврски:
-Учество на сите настани со физичко присуство, како почетниот настан, студиските посети за време на размените во сите три земји и завршниот настан.
-Присуство на најмалку 80% од онлајн тренинзите за градење на капацитети.
-Одржување на редовна комуникација со останатите учесници, менторот и координаторот на програмата.
-Изработување на 1 документ во соработка со останатите учесници од регионот на една тематска целина, наведена во повикот.
-Осмислување, поддршка и спроведување на 1 локална кампања за застапување на тема определена во самиот документ, во соработка со останатите учесници на програмата и менторот.
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
Кандидатите кои се подобни за аплицирање треба да ги исполнуваат следните критериуми:
-Да бидат на возраст од 21 до 30 години;
-Да бидат поседуваат Македонско/Албанско/Српско државјанство и да се резиденти на овие држави;
-Да имаат одлично познавање со пишан и разговорен Англиски јазик;
-Да се млади активисти/истражувачи/млади професионалци од граѓанскиот сектор, академската средина, приватниот сектор или фриленсери;
Студенти на прв, втор и трет циклус студии се исто така подобни за аплицирање.
КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ?
Заинтересираните кандидати, може да аплицираат електронски со пополнување на формуларот за аплицирање.
Заинтересираните кандидати потребно е да ги поднесат следниве документи:
1.Кратка биографија (CV)
2.Кратка мотивациска изјава
3.Пополнет шаблон за застапување, поврзан со тематските целини. Повеќе за тематските целини може да се најде тука.



