Во Старата скопска чаршија во „Ла Кања“ овој петок, 31 октомври, свој настап во живо ќе имаат „Larsovitch“ и „Snakeatsnaкe“.
„Larsovitch“ доаѓа од Франција.
„Радикален колдвејв со вкус на источна пост-панк меланхолија. Немилосрдна ритам машина и продорни синтови. Француско-руско-грчка лирика. Песимизам претворен во катарза“, стои во најавата за настанот.
„Snakeatsnaкe“ е проект од Софија, Бугарија.
„Налудничави ЕБМ/техно/индистријал ритуали од нуклеарното засолниште. Сурова сајберпанк енергија“, се вели во најавата.
Влез за настанот е 300 денари.
Дизајн на постерот е на Кристијан Новковски.




