„Sunn O)))“ вечер настапуваат во МКЦ

Американското дроун-метал-нојз дуо „Sunn O)))“ вечерва (21 октомври) настапува во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.

„Sunn O)))“ во жив аспект се враќа со суштински, првобитно-сиров облик“, посочуваат организаторите од „Fuck Yoga“ – „Militant Zaza“.

Од таму посочуваат дека основачите и гитаристи Стивен О`Мајли и Грег Андерсон ќе изведуваат како дует задлабочен во бујно лампашко засилување, спектрални хармонии, дисторзија и волумен.

„Јасни и древни световремени рифови, обилно-тешки структури од звучен притисок. Сведочи во живо на телесен звук, магла и кристализиран максимализам како никој“, стои во најавата за концертот.

„За љубителите на авангардата, на експерименталниот звук и на границите на можноста на музиката, ова е вечер што ќе се памети. МКЦ ќе биде исполнет со густ, длабок звук и светлина што ќе го претвори просторот во звучен облак“, дополнуваат организаторите.

Свирката почнува по 20 часот.

Билетот е 1.200 денари преку drugastrana.mk, а 1.500 денари на врата.