„Ми се чини дека ако не ја направиме оваа чистка, никој нема да ја исчисти шумата за нас“.
Вака млада волонтерка зборува за еко-акцијата што изминатиов месец се случи кај Мирјанина Црква, Штип.
Под иницијатива на За почиста Македонија, повеќе доброволци од Штип, Скопје, Куманово, Велес, па и дури некој дојден од Колумбија и Чешка, заедно ја претворија шумата од депонија во излетничко место за уживање во природа.
„Луѓе, што направивме? Срушен е рекордот! Најголемата акција до сега – 130+ волонтери, 400+ ќеси ѓубре! Благодарение на сите вас! Кога не чекаме на празни ветувања од политичари и ја преземаме одговорноста во наши раце, со моќта на заедницата, убави работи се случуваат!“, соопштија од За почиста Македонија.
Во продолжение, ѕирнете како изгледа една чистка на За Почиста Македонија и што имаат да кажат учесниците: