Македонското студентско етнолошко друштво (МСЕД) го најавува 11-тото издание на Меѓународниот фестивал за етнографски филмови – „Етнофф“.
„Фестивалот ќе се одржи на 6 и 7 октомври 2025 година во Кинотеката на Македонија и ќе понуди избор на филмови кои преку визуелна антропологија ја истражуваат културната, социјалната и политичката стварност“, посочуваат организаторите.
Низ годините на „Етнофф“ се прикажани филмови од студенти по етнологија, антропологија и сродни дисциплини, како и дела на професионалци во полето на филмот, кои отсликуваат важни општествени, политички и културни проблеми.
Влезот за фествалот е слободен.
Долу е целосната програма: