Чешките пост-панкери „Alpha Strategy“ и домашните „LSD During War“ свират во „Биртија паб“

Во „Биртија паб“ во Скопје, независниот издавач и организатор „Мртов коњ“ за утре (1 октомври) најавува жустра вечер со чешките пост-панкери „Alpha Strategy“, но и нашите sludger-и „LSD During War“.

„Гарантирана добра вечер за фанови на покојниот продукциски великан Стив Албини, кој го продуцираше последното EP на ‘Alpha Strategy’ (како и безброј албуми од бендови како ‘Nirvana’, ‘Pixies’, ‘the Jesus Lizard’ и многу други). Но, нема да ги оставиме овие Чеси без вкус за локалната сцена – ќе чујат нешто од помрсната страна, во форма на ‘LSD During War’“, стои во најавата за настанот.

Почетокот на свирките е околу 21 часот, а карта е 200 денари.