Утре се отвора изложбата „Art Beyond Ink“ во МКЦ

Изложбата „Art Beyond Ink“ ќе се отвори на 26 септември со почеток во 19 часот во галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.

„’Art Beyond Ink’ претставува динамична изложба во која учествуваат повеке автори со различни пристапи и медиуми. Во соработка со Младинскиот културен центар, под водство на организаторите Симона М.Новаковиќ и Петар Мильковиќ, проектот го нагласува значењето на колективното творење и размената на идеи“, се вели во соопштението.

Како што пишува таму, дел од концептот се и тату артисти, чија работа jа проширува дефиницијата на уметноста надвор од класичните рамки.

„Изложбата нуди уникатно искуство каде што различните светови на креативноста се спојуваат во едно“, истакнуваат од МКЦ.

За изборот на најдобрите дела е задолжено стручно жири предводено од Страхил М. Петровски, а свеченото отворање на изложбата е во чест на Горазд Кени Китановски.

Изложбата трае 4 дена.