Домашниот бенд „Луфтанза“ објави краток филм „Лет кон Јапонија“, кој е своевиден видео спот за две нивни песни „Лет“ и „Јапонија“, тука споени заедно.
Се работи за претпоследната и последната тема од ланскиот албум „Далеку од вистинското нешто“, објавен за независниот издавач „Мртов коњ“.
„Го посветуваме овој краток филм на жртвите на ужасниот пожар во Кочани. Овие млади луѓе заслужија многу повеќе од своите животи, но тоа им беше одземено од систем кој продолжува да величи и да се храни од неправедност, корупција, неодговорност, поделба и страв. Нивната жртва не смее да биде залудна и нивните гласови не смеат да останат нечуени и осамени. Борбата за правда продолжува“, соопштија од бендот.
Режијата, сценарио и монтажата на делото е на Лука Јованоски и Горан Попоски.
Глумци во овој над 8-минутен патувачко-ритуален-документаристички-филм-спот се членовите на „Луфтанза“: Виктор Стојановски, Андреј Димовски, Иво Николовски, Лука Јованоски, Раде Биковски и Мартин Џорлев
Како статисти се појавуваат Александар Несторовски, Александра Арсовска, Марија Вескова, Дона Илиевска и Сара Богоева.
За директор на фотографија и VFX е потпишан Горан Попоски, асистенти на камера се Андреј Богатиноски и Филип Ристески, додека бојата е исто на Богатиноски.
Продукцијата е на Исаја Карадаковска, за костимографија и реквизити беше задолжена Елена Билбилоска, а асистент костимографка е Марија Вескова.
***
Инаку, „Луфтанза“ од денес почнува турнеја во Мостар, Задар, Загреб, Љубљана, Шкофја Лока, Белград…
„Одиме на турнеја! Да посвириме, да се видиме со другари, да испиеме по некое пиво. Ако свириме во ваша близина, бујрум!“, соопштија од бендот.
View this post on Instagram
Бојан Шашевски



