Млади од 15 до 39 години од Општините Карпош и Зелениково можат да се пријават и да учествуваат на едукативен настан посветен на управување со водни текови што ќе се одржи на 24 септември во Домот на културата во општината Ѓорче Петров, со практичен дел на брегот на реката Лепенец, пренесува агенцијата Мета.мк.
Настанот се реализира во рамки на проектот „Брза проценка на водотеците на Западен Балкан“, поддржан од Forest Service International Foundation – USA, координиран од РЕЦ, „Флорозон“ и „Еко Логик“, а целта е да се промовираат современи методологии за проценка на состојбата на водните текови, зајакнување на капацитетите на граѓанските организации, институциите и експертите, како и поттикнување на поширока јавна дискусија за заштита и одржливо управување со водните ресурси.
Сите заинтересирани може да аплицираат на следниот линк.