Решавање на проблемот со водата за пиење и канализацијата во многу села, па и во селото Лопате во општина Куманово, се само дел од ветувањата дадени во изборната кампања, но кои по нејзино завршување никако да се остварат. Денес, на само два месеца од локалните избори, жителите потсетуваат што заборавија општинските власти и градоначалникот на општината, Максим Димитриевски, во однос на инвестициите во селото, пишува Порталб.мк.
Селаните алармираат дека главниот канализациски канал што доаѓа од другите села и поминува низ селото Лопате е запушен. Велат дека водата се враќа во нивните куќи и се шири многу лоша миризба.
„Доставивме и усмени и писмени барања до општината и до претпријатието за водовод и канализација. Но, никој не ни одговори. Не преземаат никакви мерки за решавање на проблемот што го имаме. Не знам зошто се толку неподготвени да реагираат. Ова го загадува и Куманово, не само Лопате. Ова не е во ред“, нагласи, меѓу другото, во својата изјава за Порталб.мк, Шукри Бекири од село Лопате.

Фото: Документ од МЗ Лопате. Барање до ЈП Водовод – Куманово, Порталб.мк
„Месната заедница на село Лопате бара да се преземат мерки за санирање на проблемот со канализацијата во село Лопате. Проблемот е повеќегодишен и веќе неподнослив за домаќинствата во близина на каналот, но и за сите жители кои секојдневно се соочуваат со загаден воздух“, наведено е, меѓу другото, во последното барање на жителите упатено до ЈП Водовод – Куманово.
„Никој не презема одговорност, ни радоначалникот на општината ниту пак водовод. Велат дека не е легализирано. Бараме помош. Овој проблем е присутен повеќе од 7 години и никој ништо не презема. Известени се надлежните институции“, изјави за Порталб.мк Аметќани Сулејмани, жител на село Лопате.