„Васил фест“ утре во „Буква“

Во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје утре (19 мај, вторник) ќе се одржи „Васил фест“, односно музичка вечер со „IVL“, „Дивоградба“ и „О, Убавче“.

„IVL“ се Васил , Лила и Ива.

„Музиката на овој бенд, како што велат тие, доаѓа од таму кај шумат шумите, буките. Буката што ја прави ‘IVL’ би ја опишале како едно истражување на иднината на индустријал и ноиз музиката, со желба да продолжат таму каде што ‘Throbbing Gristle’ застанаа“, стои во најавата.

Дивоградба“ е „голопланинска“ спојка, т.е. македонски алтернативен – рок бенд формиран од Андреј Димовски и Лука Јованоски во 2022. Огледувајќи се на нивните омилени бендови од минатото (Sonic Youth, Slint, Pixies), но користејќи ги и продукциските трикови на сегашноста, „Дивоградба“ прави обид да ги сврзе овие два аспекти и од нив да направи синтеза. Досега го објавија нивното самонасловено EP кое излезе во 2022 година.

О, Убавче“ е проект на Мартин Џорлев и Лила Мирчевска. Досега, под ова име, тие ги имаат објавено песните „Дерма“ и „Прошетка“.