Игрите за мобилни телефони Диабло Имортал и Хартстон се поврзани до истекот на следниот месец со голем број награди од едната за другата игра.
Во Хартстоун отклучувате нови карти со слики теми и способности од играта Диабло Имортал, додека наградите што се отклучуваат исто така со играње и завршување на задачи даваат портрети и два скина од Warcraft.
Скинот за машките ликови е Малфурион Стормрејџ (ахри-друдиот брат на Илидан Стормрејџ) и сопруг на женскиот лик Тиранда Виспервинд свештеничката на месечината што исто така се освојува со комплетен скин за женските ликови. Oва е гејмплеј трејлерот за кросоверот.
За Диабло Имортал и Хартстон имаме и изминати написи, овде за Диабло Имортал (Diablo Immortal) и тука за Харстон (Hearthstone).
Што се однесува до скиновите од друидот и свештеничката тие имаат раскошен дизајн и светлосни ефекти што недостасуваат на оклопите и оружјата што може со обично играње да се земат во играта. Чисто како илустративен пример ова е изгледот на обичен лик (сликата лево) без скин од кеш шопот спореден следно со најновиот скин на Малфурион (сликата десно). Разликата во квалитет на изгледот е очигледна:

Фото: Malfurion Necromanser Set Crossover Diablo Immortal and Heartstone скриншот од YouTube

Фото: Eldridzh Necromanser Diablo Immortal скриншот од лична архива на Иван Стојановски
Ова е секако начин да се продаваат скиновите поради драстична разлика на изглед што е купен со сет скинови и изглед под дифолт од оклопи од играта. Кога сме кај купувањето и продавањето на овој настан има и минипет Корхаунд за кој услов е да се потрошат вистински пари и покрај задачите и квестовите што треба да ги завршите.
Што се однесува до плаќањата особено во Диабло Имортал и Диабло 4 мора да внимавате на секој клик додека ви е отворен кеш шопот – бидејќи има одредени козметики и надградби што се купуваат со еден клик без да бидете прашани двапати и да потврдите.
Затоа најдобар совет е да не ви се снимени податоците од вашата платежна каритчка на Battle.net платформата, туку да ги внесувате при секоја трансакција рачно и целосно, бидејќи ако ви се снимени – особено на мобилен телефон може по грешка да потрошите вистински пари. Сепак се работи за евент -настан што е доста интересен и отворената можност за земањето на наградите ќе трае следниот цел месец.