„Шут“ (Jester) се вика мини албумот со четири теми на Александар Ордев, кој е тазе објавен под закрила на „Стротројка“, независна издавачка куќа што произлегува од култното радио „Канал 103“.
Наставник по ликовна уметност преку ден, а музичар навечер, Ордев е ветеран на македонската електронска сцена, кој експериментира со DIY (направи сам) електроника и звучен дизајн уште од раните ’90-ти.
„’Шут’ (Jester) е неговото најново издание, составено под светлината на диско топка во неговото домашно студио на улицата „Максим Горки“ во Скопје. Со модуларни синтисајзери вплетени во хаотична хармонија од опскурни архиви, длабока интернет празнина, винтиџ поп и балкански патос, тој ги преобликува меморијата и звукот во нешто чудно трогателно. Истовремено сериозно истражување и внатрешна шега, ова е звучно патување во неговата најлична и најнеобична форма“, стои во инфото на албумот.
Изданието може да се преслуша и поддржи преку Бендкемп-от на „Стотројка“.