Отворен вторник „Од Ла Кања до Кина“

„На вторникот му се заарни да искача у ‘Ла Кања’. Плочи ќе врти еден помеѓу најдобрите, легендата Владимир Муратовски – Диво, а преку визуелна исталација и графика во сито печат, Ви ја претставуваме Трејси, уметница од Кина која беше на ултра краток резиденцијален престој во Партизанска штампа. Кратко, али слатко и доволно да не отвори и втурне накај Азија“, соопштуваат од Партизанска штампа, кои го иницираат вечерашниот настан во „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија од 21 часот.

Од таму објаснуваат дека Трејси е визуелна уметница и илустраторка од Кина, специјализирана во акварелно сликарство. Дипломирала и магистрирала на Гуангжоу академијата за ликовни уметности, а студирала и на женскиот универзитет за уметност во Токио.

„Во нејзината практика ги спојува кинеската традиционална естетика со западните акварел техники. Излагала на бројни групни и самостојни изложби во Јапонија, Франција, Италија, Велика Британија и Кина. Нејзините дела ја истражуваат врската помеѓу поетиката на пејзажот и личната емоција“, стои во најавата за настанот.