[Фото] Психоделични стејџови и инсталации „надвор од кутијата“

Фестивалската сезона веќе започна, а оние што се во светот на псајтрансот, очекуваат стејџови, декорации и инсталации што излегуваат „надвор од кутијата“.

Можеби е веќе клише да зборуваме за такво нешто, ама, креациите на Мартин Марчеф (Martin Marchef) од Бугарија се блиску до таа фраза, бидејќи го спојуваат ритуалното, натуралното и анималното – се’ во склоп на фестивалските простори, каде се случува музика, заедништво и спојување со мајка природа.

Мартин е самоук уметник кој истражува во областа на скулптурата, резбарењето и дизајнот на инсталации. Работејќи главно со природни материјали дрво, глина, камења и морско отпадно дрво (driftwood), Мартин внесува еднаква фасцинација во уметноста без разлика на нејзината големина – од минијатурни резби и накит до големи објекти и терестријални уметнички инсталации. Му помага и долгогодишно искуство во столарство и градежништво, постојано си поставува предизвици, експериментирајќи со алати, стилови и техники.

Започнувајќи го своето работно искуство на електронски настани како член на техничката поддршка за фестивалот Atmospheric (Бугарија) во 2005 година, во следните години Мартин се стремеше и придонесе во многу проекти за изградба на сцени и инсталации за психоделични фестивали низ Европа, а денес и ширум светот.

Ова се дел од неговите креации, правени самостојно, или во колаборација со други артисти: