Јубилејно петто издание на „Пикник у Пелинце“ на 21 и 22 јуни

„Два дена, два стејџа, 35+ изведувачи, кампинг, 30 часа забава со едукативни катчиња за најмладите, штандови за храна и пијалоци…“

Вака организаторите на „Пикник у Пелинце“ го најавуваат петотто издание на овој фестивал, кој годинава ќе се одвива на 21 и 22 јуни во Меморијалниот центар АСНОМ.

„Без разлика дали сте со нас од првата година или ова ви е прв пат – дојдете и бидете дел од јубилејното издание. Да го направиме овој јубилеј легендарен“, соопштија организаторите.

Целата листа на настапувачи може да се види ТУКА.

Како и секоја година, обезбедени се редовни автобуски линии. Тргнувањето е од агенцијата „Јоцо турс“ во Куманово, спроти градската пекара.

Во однос на влезниците, еднодневен билет е 300, а дводневен – 500 денари.

Може да се набават ТУКА.

Во продолжение погледнете фотографии од минатото издание: